Московскиот државен универзитет на 42 место во светот по математика

Универзитетот за прв пат се најде меѓу 50 најдобри универзитети во светот според QS по било која специјалност.

Московскиот државен универзитет, познат како МГУ (Московский Государственный Университет) - го зазеде 42 место во рејтингот на универзитети според успесите во математиката за 2013 година. Универзитетот за прв пат се најде меѓу 50 најдобри универзитети во светот според QS по било која специјалност.

Првото место според рејтингот на QS го држи универзитетот во Кембриџ, а зад него е МИТ (Институтот за технологија во Масачусетс, Харвард и Оксфорд.

МГУ во 2013 година влезе меѓу 200-те најдобри универзитети според изучувањето на современите јазици, физиката, хемијата, науките за Земјата, статистиката, оперативните истражувања, компјутерските технологии и информатички системи.

Освен МГУ, меѓу 200-те најдобри универзитети во светот се најде и Државниот универзитет во Санкт Петербург.

Во мај 2012 година претседателот на Русија, Владимир Путин ѝ нареди на владата да успее до 2020 година да внесе пет руски универзитети меѓу најдобрите 100 во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.