Acer планира следната година значително да ја зголеми продажбата на таблети во Русија, изјави претседателот на компанијата Џим Вонг. „Ние сакаме да го удвоиме бројот на продадени таблети во втората половина од годината, и би сакале нашиот пазарен удел да биде 25%“, изјави Вонг.
„Задачата може да се исполни и ние на тоа работиме. Наскоро ќе започнат испораките на новите модели“, изјавува генералниот директор на руското претставништво на Acer, Денис Кутников. Тоа ќе бидат таблети со оперативен систем Андроид со 7,9 инчи екран кои ќе чинат околу 11.000 денари, како и некои други модели со поголеми и помали екрани.
Во март во Русија се продадени 424.500 таблети. Уделот на Acer во продажбата изнесува 3%, додека Самсунг продаде 25% од овој број, а Apple 19%.
Минатата година во Русија беа продадени 3.150.000 таблети, од кои 5,3% - се производство на Acer. Во оваа година ќе бидат продадени 6 до 6,5 милиони таблети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче