Компанијата „Сухој“ го испорача првиот Су-34 на Воено-воздушните сили на Русите. Испораката е дел од државната нарачка за 2013 година за бомбардерите Су-34.
Според боевите можности, овој авион припаѓа на генерацијата „4+“. Независно од времето на денот и метеоролошките услови, тој е способен ефективно да уништува земни, морски и воздушни цели во било кој географски регион. Су-34 може да носи до 8 тони различно вооружување. Далечината на неговиот лет изнесува околу 4.000 километри, а максималната брзина – 1.900 километри на час.
Првите сериски примероци од овој авион се произведени во Новосибирската фабрика во 2006 година. До 2020 година Воено-воздушните сили на Русија треба да добијат повеќе од 90 вакви авиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче