Русија ѝ предлага на Турција противракетни системи, чамци и хеликоптери

Русија ќе ѝ помогне на Турција во создавањето на современ комплекс за противвоздушна и противракетна одбрана.

Русија ќе ѝ помогне на Турција во создавањето на современ комплекс за противвоздушна и противракетна одбрана (ПВО-ПРО) и ќе им предложи на турските партнери договор за купување на воздушни ракетни системи „Антеј-2500“ (С-300BM), пренесува во понеделникот Рособоронекспорт.

Според податоците на Рособоронекспорт, постои можност Турција да купи хеликоптери за гаснење пожар (Ка-32А11ВС).

Од 8 до 10 мај во Истанбул се одржува XI Меѓународна изложба „IDEF-2013“. На оваа изложба Рособоронекспорт ќе претстави десантни чамци со воздушна перничка од проектот „Мирена-Е“.

„Турција е првата држава - членка на НАТО, која со Русија воспостави силни контакти во сферата на воено-техничката соработка. Земајќи ја предвид иднината на турскиот пазар на оружје, ние ја гледаме воено-техничката соработка со оваа држава како еден од најважните правци во нашата работа“, изјавува советникот на генералниот директор и раководител на делегацијата на „Рособоронекспорт“, Анатолиј Аксјонов.

„Рособоронекспорт“ е руски државен посредник при извозот и увозот на цел спектар финални продукти, услуги и технологии. Овој холдинг управува со 80% од извозот на руското оружје и воена техника. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња