Путин се надева на скорешен состанок со Обама

Рускиот претседател, Владимир Путин во разговор со Џон Кери изјави дека очекува да се состане со американскиот претседател во блиска иднина.

Рускиот претседател, Владимир Путин во разговор со Џон Кери изјави дека очекува да се состане со американскиот претседател во блиска иднина.

Според зборовите на портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, следниот состанок меѓу двајцата претседатели може да се одржи за време на состанокот на Г-8 во Северна Ирска.

„Мило ни е што контактите со нашите колеги од САД продолжуваат на сите нивоа“, нагласи Путин.

Претседателот ја нагласи важноста од соработка меѓу главните министерства во Русија и САД во решавањето на клучните светски проблеми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња