На 8 мај во 1712 година главниот град на Русија бил пренесен од Москва во Санкт Петербург.
За време на Северната војна Русија добила излез на Балтичкото море. Таму бил основан првиот град на Русија кој бил изграден по европските канони. Во него бил пренесен главниот град, бидејќи тој бил поблизу до Европа, а со тоа Петар Велики сакал да им покаже на жителите на Европа дека Русија е една голема и напредна сила.
Формален указ, според кој главен град станал Санкт Петербург – немало. Пренесувањето на главниот град започнало во 1710 година, кога започнале да доаѓаат во Санкт Петербург вишите чиновници, а во 1711 година – и сенаторите. Во 1712 година се преселиле амбасадите на Велика Британија, Франција, Холандија и Прусија.
Санкт Петербург останал главен град до 1918 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче