Посета на Џон Кери во Москва: никогаш не е касно за договор

Москва и Вашингтон се договорија во најбрз рок да организираат меѓународна конференција за Сирија. Ова е главниот заклучок од посетата на Џон Кери во Москва.

За време на многучасовните преговори, најпрвин во Кремљ, а потоа во Министерството за надворешни работи, изјавено е дека приодите за решавање на проблемот околу Сирија од страна на САД и Русија „никогаш силно не се разликувале“. Зборувајќи за односите меѓу Москва и Вашингтон, Кери подвлече дека сегашната ситуација во светот бара од двете држави партнерство, исто како партнерството кое го имале во Втората светска војна.

Првата посета на Џон Кери во Москва како државен секретар е извршена пред почетокот на Денот на Победата.

Уште пред почетокот на преговорите Џон Кери се прошета по Црвениот плоштад и зборувал со руските ветерани, а после тоа учествуваше во меморијалните активности. Џон Кери е првиот шеф на надворешнополитичка институција од САД кој положи венец на Гробот на Непознатиот Војник. Притоа, на лентата било напишано „Вечно сеќавање на нашите херои кои паднаа во борбата за нашата заедничка победа“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња