Во средината на мај ќе започне со работа Јавната телевизија на Русија. Претходно се сметаше дека финансирањето на новиот канал ќе се остварува за сметка на донации од граѓаните. Сепак, телевизискиот канал не успеа да собере доволно средства и владата беше принудена да го преземе финансирањето на јавниот проект врз себе.
Создавањето на новиот телевизиски канал започна со иницијативата на Дмитриј Медведев во 2012 година. На почетокот било предвидено Јавната телевизија на Русија да има статус на автономна некомерцијална организација.
Специјалистите во министерството за врски и комуникација пресметаа дека за создавање на конкурентен телевизиски канал же чини околу една милијарда долари. Собирањето на такви средства преку донации би траело со години. Како резултат, владата реши да издели за овој телевизиски канал околу 60 милиони долари годишно.
Во различни држави телевизиите постојат делумно за сметка на донации од гледачите. На пример, американската NPR добива 39% од своите средства преку донации. Исто така, може да се погледне искуството на BBC – најстарата јавна телевизија во светот.
„Иницијативата за создавање на јавна телевизија потекнува не од општеството, туку од државата“, забележува Андреј Реут, заменик на главниот уредник на деловниот телевизиски канал РБК. „Државата плаќа – државата кажува каква музика ќе има.“.
Планирано е Јавната телевизија да емитува деноноќно, а акцентот на програмите ќе биде ставен на научните и документарните филмови, животот на Русија и т.н. Реклами и емисии од забавен карактер нема да има.
„Во Русија недостасуваат имено такви канали – умни, независни и општествено значајни, канали кои и рефлектираат интересите на општеството и не се тркаат за рејтинг преку идиотски реалити-шоуа“, смета Андреј Реут.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче