Граѓаните на Русија не ја гледаат својата земја без Путин

Но во 2018 година сакаат нов претседател.

На 7 мај 2012 година Владимир Путин по трет пат стапи на должноста претседател на Руската Федерација. Кон крајот на април „Левада-центар“ изјави дека после следните избори во 2018, Владимир Путин сакаат да го видат како претседател само 26% од Русите. 55% од граѓаните на Русија сакаат да се појави нов лидер во нивната земја: 14% сакаат тој да ја продолжи политиката на Путин, а 41% (во Москва 57%) сакаат тоа биде човек кој „ќе предложи друго решение за решавање на проблемите во државата“.

Последната група смета дека треба да се посвети повеќе внимание на прашањата за социјалната еднаквост, 41% од нив сметаат дека „чиновниците на Путин ја приватизирале целата држава“, 39% сметаат дека на Русија ѝ е потребен човек кој може да се справи со корупцијата. 14% од граѓаните сакаат човек кој „ќе ги возобнови демократските институти, ќе ја стави власта под контролата на општеството“.

Раководителот на одделот за динамика на масовната свест при Институтот за социологија во РАН, Владимир Петухов, смета дека во Русија мнозинството го сочинуваат граѓани кои „се наоѓаат на границата на средната класа и сиромашните“ (до 60%). „Тоа се инертни луѓе, и најголемиот дел од нив се зависни од државата. Тие добиваат некаква помош, пензии и слично, и тие средства се зголемуваат. Иако тие граѓани се незадоволни, тие повторно апелираат на стабилност, не се заинтересирани за суштествени промени во државата, и имено затоа гласаат за Путин“.

Во Москва ситуацијата е поинаква. Во главниот град животниот стандард е далеку повисок и затоа овде доаѓа „активната младина“, забележува Петухов. „Кога човек ќе ги задоволи примарните материјални потреби, тој почнува ад мисли за политичките и граѓанските слободи, за екологијата и другите проблеми“, смета тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња