Бомбардерите Ту-95 прелетаа околу Алјаска

Руските стратешки бомбардери Ту-95 прелетаа во зоната околу Алјаска, пренесува во понеделникот The Washington Free Beacon.

Руските стратешки бомбардери Ту-95 прелетаа во зоната околу Алјаска, пренесува во понеделникот The Washington Free Beacon.

Според информацијата на весникот, комплексите за ПВО на САД забележале два бомбардера недалеку од Алеутските острови на 28 и 29 април.

Претставник на Северната команда на САД, Бил Луис потврдил дека за пресретнувгање на авионите веднаш биле активирани американските ловци, но не пренесуваат детали.

Според неговите зборови, два F-22 ги забележале руските бомбардери ноќта на 28 април, кога тие ја напуштиле зоната на договорени летови недалеку од Алјаска. Луис потврди дека руските авиони не влегле во воздушното пространство на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња