На состанокот на комисијата во која влегуваат претставниците на администрацијата и синдикатот на АВТОВАЗ, донесено е решение да се зголеми платата на работниците за 1,6%.
Ова зголемување на платата претставува индексирање на инфлацијата од почетокот на годината, односно усогласување на растот на инфлацијата со платите во фабриката.
Оваа пракса за зголемување на платата во износ кој е ист како и инфлацијата започна на почетокот на оваа година.
АВТОВАЗ е најголем произведувач на лесни автомобили во Русија и Источна Европа. Во него работат околу 68.000 луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче