За парадата во Москва нема да има потреба од контрола на времето

Од вторник во Москва ќе настапи сончево време.

Од вторник во Москва ќе настапи сончево време, со што нема да има потреба од контролирање на временските услови преку растерување на облаците за време на одржувањето на традиционалната мајска парада по повод Денот на Победата, соопштува Хидрометеоролошкото биро на Москва.

Во вторник температурата на воздухот во Москва ќе изнесува 16-17 степени, а во среда - 19, а на 9 мај - околу 20 степени.

Средствата за растерување на облаците веќе се предвидени во буџетот на градот и изнесуваат нешто повеќе од 180 милиони денари.

Растерувањето на облаците се врши со авионите Ил-18, Ан-12, Ан-26, Ан-28, Ан-30, Ан-72, М-101 и Су-30 со специјална опрема.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.