Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

Петар Илич Чајковски.

На денешен ден во 1840 година во градот Воткинск во Русија е роден Петар Илич Чајковски, еден од најпознатите руски композитори. Тој се појавил на музичката сцена заедно со композиторите на познатата „руска петорка“ , но не бил нивен член. Во неговата музика успешно ги спојувал елементите на западната музика со традиционалните руски елементи. Предавал хармонија на конзерваториумот во Москва и пишувал музички критики.

Автор е на повеќе од 80 дела, меѓу кои десет опери и три балети. „Лебедовото езеро“, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“, „Пикова дама“ и „Евгениј Онегин“ - се негови најизведувани дела.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња