Резервниот фонд на Русија во април порасна за 1,7%

Големината на Резервниот фонд на Русија во април порасна за 1,7% и изнесува 65 милијарди евра.

Големината на Резервниот фонд на Русија во април порасна за 1,7% и изнесува 65 милијарди евра, додека големината на Фондот за национална благосостојба порасна за 1,1% и изнесува 67 милијарди евра, пренесува Министерството за финансии на Русија.

Резервниот фонд на Русија претставува дел од федералниот буџет, односно средства кои „легнуваат“ на посебна сметка. Тие средства доаѓаат од продажбата на нафтата и гасот кога нивните цени се повисоки од прогнозираните, а во случај на намалени цени, Фондот се користи за надополнување на „дупката“ која се создава во Буџетот на Русија.

Фондот за национална благосостојба се користи за обезбедување на балансиран буџет на Пензискиот фонд на Руската Федерација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња