Продажбата на ЛАДА порасна за 8,3%

АВТОВАЗ ги објави резултатите за април.

АВТОВАЗ во април продаде 51.730 автомобили Лада, што е повеќе за 8,3% за разлика од март.

Дилерите на ЛАДА во Русија продале 44.100 автомобили, за 8,9% повеќе отколку во март. Во странство се продадени 7.630 автомобили во април, односно 26.219 автомобили од почетокот на 2013 година.

Лидер во продажбата е Лада Гранта. За првите четири месеца од 2013 година продадени се 52.765 автомобили Гранта.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња