Министрите за надворешни работи на Русија и Сирија разговараа за воздушните напади на израелската воена авијација

Министерот за надворешни работи на Сирија, Валид ал Муалем разговараше со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров за последиците од израелскиот воздушен напад на сириската територија.

Министерот за надворешни работи на Сирија, Валид ал Муалем разговараше со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров за последиците од израелскиот воздушен напад на сириската територија. Според податоците на сириската државна телевизија, Лавров изразил загриженост поради изјавата за нарушување на суверенитетот на Сирија, но и стравување поради опасноста од неконтролиран развој на настаните во регионот. Тој го увери Муалем дека Русија прави сѐ што е во нејзина сила да спречи ескалација на напрегнатата ситуација.

Од друга страна, Муалем изјави дека Израел, но и Западна Европа и САД, претставуваат препрека за прекин на насилствата. Министерот за надворешни работи на Сирија во разговорот со рускиот колега нагласи дека „врз основа на меѓународното законодавство и Статутот на ООН, Сирија има право да одговори на ваква агресија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња