Московскиот ВГИК (Всероссийский государственный университет кинематографии) му врачи почесен докторат на Милчо Манчевски.
Одлуката за доделување на докторатот е донесена од Советот на универзитетот, а истиот му е врачен од страна на ректорот на ВГИК, Владимир Малишев.
Неодамна Манчевски гостуваше во овој универзитет во проект во кој беа вклучени сите факултети во ВГИК.
ВГИК е создаден во 1919 година во Москва. Некои од првите професори во универзитетот биле Владимир Гардин, Лев Кулешов и Едуард Тисе. Во 1928 година е создаден режисерскиот факултет, на кој предавал Сергеј Ајзенштајн. Познато е тоа дека неговите предавања биле посетувани дури и од професорите на универзитетот.
Милчо Манчевски ќе има шанса да предава на универзитетот, чии дипломци се Андреј Тарковски, Сергеј Бондарчук, Елем Климов...
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче