Камионите на КАМАЗ зедоа учество во повторувањето за парадата на Победата на 9 мај.
Заедно со КАМАЗ ќе се појават и „Тигрите“ и „Рисовите“, оклопните транспортери БТР-82А, тенковите Т-90, ракетните комплекси „Искандер-М“ и „Топол-М“, самоодните хаубици „Мста-С“, воздушните ракетни комплекси „Бук-М2“ и „С-400“.
Комплексот „Панцир“ е инсталиран на шасијата на КАМАЗ. Тој се користи за заштита на цивилни и воени објекти од сите современи средства за воздушен напад.
КАМАЗ е најголемо руско претпријатие за производство на камиони. Тој вклучува во себе 150 организации кои се наоѓаат во Русија, ЗНД и во други земји. Располага со 12 фабрики за производство (вклучувајќи ги и Виетнам, Иран, Индија, Казахстан, Пакистан). Бројот на вработени во претпријатието изнесува 59.000 луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче