КамАЗ ќе започне со производство во Индонезија

КамАЗ планира да започне со производство во Индонезија, се кажува во соопштението на прес-службата на претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов после неговата посета во Индонезија.

КамАЗ планира да започне со производство во Индонезија, се кажува во соопштението на прес-службата на претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов после неговата посета во Индонезија.

Продукцијата на КамАЗ има голема популарност во оваа држава, па затоа министерот-координатор по економски прашања од Индонезија, Хата Раџас, предложи да се разгледа прашањето за создавање на заедничко претпријатие за производство и сервисирање на камионите на КамАЗ.

Познато е дека руското претпријатие веќе има ја има произведено првата партија камиони за оваа земја со волан на десната страна.

Досега КамАЗ има отворено претпријатија за склопување на своите камиони во Виетнам, Пакистан, Индија, Казахстан и Летонија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.