Грузија повторно ќе купува гас од Русија

Министерот за енергетика на Грузија, Каха Каладзе не ја исклучува можноста грузиската страна повторно да започне со купување на природен гас од Русија, пренесува телевизијата „Имеди“.

Министерот за енергетика на Грузија, Каха Каладзе не ја исклучува можноста грузиската страна повторно да започне со купување на природен гас од Русија, пренесува телевизијата „Имеди“.

„Државата не треба да зависи само од еден дистрибутер, т.е. од Азербејџан“, изјави министерот.

Според податоците на „Имеди“, дел од грузиските експерти ја поддржуваат таа идеја, иако забележуваат дека руската цена е поскапа за 100 долари за 1.000 кубни метри гас.

Од 2007 година Грузија се откажа од рускиот гас и почна да купува само од Азербејџан.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.