Експертите за првата година од работата на Путин: плусови за социјалната сфера и борбата со кризата

Социолошките податоци за првата година од работата на Владимир Путин после изборот за претседател покажуваат дека високиот рејтинг на шефот на државата е основан на неговото справување со кризата и лидерските квалитети.

Социолошките податоци за првата година од работата на Владимир Путин после изборот за претседател покажуваат дека рејтингот на шефот на државата е основан на неговото справување со кризата и лидерските квалитети, изјавуваат политиколозите кои беа анкетирани од РИА Новости. Притоа, некои експерти укажуваат на скептицизмот кај Русите во однос на изборот на Путин за третиот претседателски мандат.

Според Фондот за општествено мислење, 16% од анкетираните сметаат дека Путин се справува со обврските подобро отколку во првите два мандата, 16% го сметаат спротивното, а 56% сметаат дека ништо не се променило. 44% од Русите сметаат дека претседателот се раководи според мислењето на граѓаните, 42% сметаат дека мислењето на граѓаните не е важно за дејствата на претседателот. 48% од граѓаните сметаат позитивно го оцениле изборот на Путин за третиот мандат, додека 18% го имаат спротивното мислење.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.