Надворешниот изглед на новите автомобили значително ќе се разликува од претходната продукција на АВТОВАЗ. Имено на ова решија да го стават акцентот дизајнерите од оваа компанија. На овој начин тие се надеваат дека новите модели ќе можат успешно да конкурираат со западните марки.
Дизајнерските решенија се веќе определени и се врши техничката подготовка за опремување на автомобилите. Според податоците, автомобилите со нов дизајн ќе бидат достапни за јавноста во 2015 година.
„Нашиот автомобил треба да биде уникатен, јасно изразен. Имено затоа ние ставаме акцент пред сѐ на дизајнот, за да добиеме контраст за разлика од претходните модели“, изјави Матин, еден од дизајнерите во компанијата.
Новите автомобили ќе се базираат на Калината и Нива.
АВТОВАЗ е најголем произведувач на автомобили во Русија и Источна Европа. Претпријатието е ’рбетот на градот Толјати и во него има вработено 68.000 луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче