Во мочуришно подрачје на Урал, во близина на градот Серов, пронајдени се остатоци од авионот АН-2 кој исчезна во јуни минатата година. На местото на падот пронајдени се остатоци од тела на 11 лица.
Авионот АН-2 со 12 патници, полета на 11 јуни, 2012 без дозвола на службата за конторла на градот Серов, во непознат правец и исчезна. Потрагата траеше неколку месеци, но после неуспехот беше сопрена.
Авионот случајно го пронајдоа двајца ловџии 8 km од местото на полетување. Според еден од нив, помеѓу остатоците од авионот јасно се гледаат човечки остатоци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче