Односите помеѓу Русија и Словенија не се оптоварени со проблеми и се многу перспективни. Љубљана е еден од најблиските партнери на Русија во Европската унија. Ова беше потврдено при посетата на Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на Љубљана.
„Немаме отворени проблеми и имаме желба да се придвижуваме напред“, рече Сергеј Лавров. Еден од приоритетите на заедничката соработка е енергетската соработка. „Ја цениме приврзаноста на владата на Словенија, која и денес беше потврдена од претседателот и премиерот, во реализацијата на проектот Јужен тек. Сметаме дека овој проект во скоро време ќе добие приоритет на национален проект во вашата земја.“ - изјави Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче