Православните граѓани на Русија го одбележуваат денот на светецот-покровител на Москва и Владивосток

Православниот свет на 6-ти мај го слави Денот на св. Ѓорѓи Победоносец, кој се смета за покровител и заштитник на војниците.

Православниот свет на 6-ти мај го слави Денот на св. Ѓорѓи Победоносец, кој се смета за покровител и заштитник на војниците. За време на кнезот Иван III, сликата на светиот Ѓорѓи Победоносец - коњаник кој со копје го убива змејот - станала грб на Москва и амблем на руската држава. Денот на големиот маченик Ѓорги во Русија носи народно име „Јурјев ден“ („Ѓурѓовден“). Само на тој ден селаните можеле да преминат од еден спахија кон друг.

Во престолнината овој ден се слави заедно со Денот на грбот и знамето на градот Москва. Современиот градски грб се заснова на историскиот грб, кој Екатерина II го вовела на 20 декември 1781 година. На него Ѓорѓи Победоносец на бел коњ со копје го убива црниот змеј.

Ѓорѓи Победоносец е исто така покровител на Владивосток, град кој е подигнат како руска воена тврдина на Тихиот океан. Неговата икона за прв пат е донесена во Владивосток на 3 февруари 1911 година како подарок од монах за единиците на гарнизонот во Владивосток. Оваа икона требало да ги заштити луѓето од чума, која во тоа време беснеела во соседна Кина и секојдневно заради неа умирале илјадници.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња