Обновување на тенковски единици

Две тенковски единици повторно активни.

Со одлука на министерот за одбрана на РФ обновени се Таманската и Кантемировската дивизија, кои порано беа расформирани. На дивизиите им се вратени историските имиња, а нивните парадни единици ќе учествуваат во престојната парада на Победата на Црвениот плоштад.

Таманската дивизија беше расформирана во јули 1940. За време на Втората светска војна учествуваше во Смоленската битка 1941. Во тек на 1999 делови од дивизјата учествуваа во противтерористичката операција во Чеченската република во состав на Обединедата групација на Федералните сили на Северен Кавказ. За време на воените реформи во мај 2009 година, дивизијата е реформирана во 5-та моторизирана и стрелачка бригада на Московскиот воен округ.

Кантемировската дивизија беше формирана 1942 година во Сталинград. Нејзиното огнено крштевање беше ослободувањето на селото Кантемировка, според кое го доби и името. Единици на оваа дивизија стигнаа меѓу првите до Елба, учествуваа во освојување на Дрезден, извршија упад во Чехословачка. Војници од оваа дивизија учествуваа во мировни мисии во Јужна Осетија и на Косово, како и во противтерористичките операции во Чеченија. За време на воената реформа 2008-2009 оваа дивизија е реформирана во 4-та посебна тенковска бригада.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.