Во Русија е инициран механизам за брза помош на руските туристи во странство. Поддршката во вид на парична помош во случај на било какви проблеми со кои можат да се судрат руските државјани (било заради финансиски проблеми, било заради несовесност на туроператорите), треба да биде обезбедена од Фондот за обештетување - „Помош за туристи“ (рус. „Турпомощь“), при Здружението на туроператори.
До 4 мај, сите руски туроператори кои организираат патувања во странство мора да уплатат во овој фонд по 100 илјада рубли (2,5 илјади евра). Моментално фондот располага со околу 160 милиони рубли (околу 4 милиони евра).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче