23 Руси се најдоа на списокот на 500 највлијателни луѓе во светот, според весникот Foreign Policy
Во листата влегоа „луѓе кои управуваат со водечки светски подрачја - од политика до финансија, од мас-медиуми до енергетики, од воена индустрија до религија“, пренесува РИА Новости. На листата се наоѓаат главно Американци (142 лица). Од претставниците на Русија на листата се: претседателот Владимир Путин, премиерот Дмитриј Меведев, министерот а надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за финансии Антон Силуанов, министер за одбрана Сергеј Шојгу, заменик-министерот за одбрана Валериј Герасимов, претседателот на Банката на Русија Сергеј Игнатев, секретарот на Советот на безбедност на РФ Николај Петрушев, директорот на ФСБ Александар Бортников, како и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
Во листата се влезени и претставници на крупниот бизнис, како што е првиот човек на Гаспром Алексеј Милер, директор на Лукоил Вагит Алекперов, претседателот на Роснефт Игор Сечин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче