Асад преку Москва со порака до Вашингтон

Асад пратил писмо до САД преку Москва.

Претседателот на Сирија Башар Асад упатил писмо до Вашингтон, преку Москва, во кое наведува дека нападот преку Израел ќе доведе до неизбежен одговор. Асад очекува одговор и реакција во рок од 24 часа.

Во писмото се наведува дека ако Израел ги повтори воените дејствија тоа ќе значи објавување на војна и ќе следи одговор без предупредување. 

Во амбасадата на РФ во Дамаск не сакаат да ја коментираат информацијата дека писмо преку Москва е испратено до Вашингтон.

Претходно, како што соопштија сириските власти, Израел точно на Велигден, изврши напад на научно-истражувачки центар во Дамаск. Додека официјален Тел-Авив ниту демантира, ниту ја потврдува информацијата за нападот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња