Владимир Путин на сите православни христијани и на сите граѓани на Русија им го честита Светлото Христово Воскресение.
„Пасхата Христова нека на сите луѓе им даде радост и надеж и да ги вдахнови на добри дела. Да ги сврти кон исконските духовни вредности, кои играат особена улога во историјата на Русија и ја чуваат националната култура.“, рече претседателот.
При тоа, тој особено ја истакна улогата на Руската православна Црква во руското општество:
„Важно е да се потенцира вистинската подвижничка активност на Руската православна црква со која го поддржува нашето граѓанско општество и ја јакне довербата, го развива меѓурелигискиот и меѓунационалниот дијалог. Црквата постојано се грижи за воспоставување на високи морални вредности и идеали во нашето општество, ги јакне семејните традиции и правилното воспитување на идните поколенија и многу работи за разрешување на нашите социјални проблеми.“, подвлеше Путин.
„Во овој светол ден од душа ви посакувам здравје и се најдобро.", рече претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче