Руски научник пронајде метеорит

Андреј Злобин пронајде остатоци од Тунгускиот метеорит

Научниот соработник на Државниот геолошки музеј „В. И. Вернадски“ при Руската академија на науките, Андреј Злобин соопшти дека пронашол три фрагменти за кои претпоставува дека се од Тунгускиот метеорит.

Потрагата по деловите од метеоритот Злобин ја започна во т.н. Сусловски кратер над кој всушност, според експертите, дојде до експлозија на метеоритот. После ископувањата кои не дадоа резултати, овој научник го продолжи истражувањето по брегот на реката Хушма, каде пронашол три камења за кои тврди дека се фрагменти од метеоритот.

Според сведочења на очевидци, експлозијата се случила на 30 јуни 1908 година во 7:14 по локално време. Бранот предизивикан од експлозијата ја уништил шумата на површина од 2000 квадратни километри. Силата на експлозијата се проценува на 40-50 мегатона, што е еднакво на енергијата на најмоќната хидрогенска бомба.

До сега не се пронајдени фрагменти за кои со сигруност може да се каже дека потекнуваат од небесното тело кое експлодираше во регионот Тунгуска и детално да се растајни овој настан. Според најзастапената верзија на научниците, експлозијата била предизвикана од ледена комета при влез во Земјината атмосфера при што најголем дел испарил.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња