Москва и Токио одлучија што побргу да склопат мировен договор. Тоа е еден од главните заклучоци од руско-јапонскиот самит. Прв пат во последните десет години претседателот на владата на Јапонија Шинзо Абе пристигна во Москва. А рускиот претседател ја прифати понудата да го посети Токио.
И едната и другата страна сакаат да потпишат мировен договор, изјавија Владимир Путин и Шинзо Абе после средбата.
„Успеавме да постигнеме договор околу мировниот договор. Тоа секако, не значи дека сите проблеми веќе утре ќе се решат. 68 години имавме ист проблем. Но, во секој случај ќе продолжиме да работиме за тоа важно прашање за нас да биде решено“, изјави Владимр Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче