Повеќе од 300 луѓе се евакуирани од Московското метро после запирањето на возовите во недела наутро. Причина за запирањето беше појава на чад.
„Во 8:20 часот, како резултат на прекинување на електричната енергија, запрено е движењето на возовите меѓу станиците Вихино и Текстилшики. Патниците се евакуирани од двата воза кои запреа во тунел. Три патници се хоспитализирани. Според првичните податоци, тие се здобиле со труење од чадот“, - известува прес-службата на московската полиција.
Во овој момент движењето на возовите е нормализирано.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче