Кадиров: во Чеченија е сигурно

Чеченскиот претседател ги кани странците во Чеченија.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров не се согласува со Британските власти дека неговата република не е сигурна за странци.

„Британскиот Форин офис советува да не се патува во Северен Кавказ. Јас целосно одговорно тврдам дека во Чеченија е посигурно отколку во Англија. Добредојдени сте!“ - напиша тој на својот Twitter профил.

Во петокот Британскиот Форин офис издаде предупредување да не се патува во неколку руски региони: покрај Чеченија, во Ингушетија, Дагестан, како и во областите Будјоновски, Левокумски, Нефтекумски, Степановски и Курск во Ставропол.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња