Четири милиони Руси на велигденска литургија

По повод Велигден 4 милиони Руси во православните храмови.

Околу 4 милиони Руси учествувале во прославата на Велигден во неделата наутро, соопшти прес-службата на полицијата.

„Во повеќе од 10.000 православни цркви и манастири се одржа свечена литургија на која присуствуваа околу 4 милиони луѓе“, се вели во соопштението.

Местата на одржување на празничните настани ги обезбедувале повеќе од 70.000 полицајци и војници од МВР на Русија. Во недела полицијата го продолжи режимот на работа во повисок степен не готовност.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња