На YouTube се појави првиот трејлер на филмот „Сталинград“ на режисерот Фјодор Бондарчук. Официјалната интернет-премиера се случи вчера на страницата на kinopoisk.ru.
Во февруари режисерот изјави дека снимателскиот и монтажниот дел на филмот се завршени. Во текот на зимата постојано се работеше на музичкиот и визуелниот дел. Тој вети дека волгоградските ветерани ќе бидат првите гледачи на филмот.
На филмот се потрошени 30 милиони долари. Државниот филмски фонд и една државна банка ги обезбедија средствата за снимање. Предвидено е филмот да почне да игра во кино-салите од октомври, 2013.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче