Русија подготвена да преговара со сириската опозиција

Русија е отворена за преговори со опозицијата во Сирија.

Русија е отворена за преговори со претставници на сите сириски опозициони групи, известува ИТАР-ТАСС.

Откако командантот на Слободната сириска војска - една од највлијателните групи бунтовници - Салим Идриз, изјави дека е подготвен за средба со официјални претставници на Руската Федерација, Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров рече: „Не сум слушнал ништо за тоа, но ако е вистина, ние сме отворени за разговори со сите групи“, коментирајќи ја изјавата на Идриз.

При тоа, тој додаде дека насилството во Сирија нема да се прекине со консултација со Москва или со некоја друга престолнина, туку дека тоа ќе биде резултат на директни преговори помеѓу опозицијата и сириската влада.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња