Небото над Москва отворено за летови

Московското небо повторно е отворено за летови на патнички авиони.

Московското небо е отворено за патнички авиони. Таква наредба од Министерството за сообраќај стапи на сила на 2 мај. Авионите ќе можат да летаат само на висина поголема од 8000 m.

Небото над престолнината е отворено уште на почетокот на 2013, но пред 2 мај секој авион мораше да добие специјална дозвола. Сега сите ограничувања се укинати. Новите линии кои поминуваат над Москва веќе се внесени во меѓународните мапи.

Висинската разлика за нетранзитните авиони во иднина би требало да се смали на 1500 m, што би морало да го зголеми пропусниот капацитет на аеродромот за третина. Стручњаците нагласуваат дека отворањето на небото нема да им пречи на жителите на градот, особено кога е облачно, затоа што авионите летаат високо над облаците.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.