Да се истражи случајот со примена на хемиско оружје во Сирија

Русија инсистира на се задоволи барањето на Сирија.

Русија бара да се задоволат барањата на сириските власти за истрагата за примена на хемиско оружје на подрачјето на градот Алепо, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Инсистираме на задоволување на конкретното барање на сириската влада по прашањето за истрага на ОН, околу можната примена на хемиско оружје во март недалеку од Алепо,“ изјави Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Тој напомена дека во случајот со примена на хемиско оружје, Сирија, следејќи ги меѓународното право, веднаш ги извести ОН за инцидентот и замоли да се спорведе истрага. Генералниот секретар на ОН побара пристап на објектите и лицата кои се наоѓаат на тоа подрачје. 

„Тоа не е правилно. Потсетува на резолуцијата која ОН ја донесе за Ирак,“ истакна Министерот за надворешни работи на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.