Тинејџери-потрошувачи

Во Русија расте нова генерација потрошувачи.

Минатата година руските тинејџери потрошиле 4,7 милијарди евра - двапати повеќе отколку во 2010 година.

На прагот на гловалните финансиски потреси, имено тинејџерите можат да станат, ако не спас, тогаш барем поддршка за светската економија. Според Teenage Research Unlimited, 46% од тинејџерите планираат да го зголемат трошењето во оваа година, а 7 од 10 испитаници веруваат дека нивниот квалитет на живот е подобар од оној на нивните родители.

Нормално, главен извор за финансирање на нивните апетити - е семејниот буџет. 78% од средствата доаѓаат од нивните родители.

Според Superjob.ru, руските ученици добиваат како училишен џепарлак околу 750 денари месечно (59% од испитаниците). Според родителите, тоа е доволно да се нахранат во училишните мензи. 17% од родителите им даваат на учениците од 750 до 1.500 денари месечно. Помал број родители им даваат на своите деца од 2.000 до 3.000 денари, а само 2% од родителите - над 5.000 денари.

Повеќето родители не сакаат нивните деца да земаат само од нив пари, туку и да зараоботуваат самостојно. Во Русија во моментов работат помалку тинејџери, отколку што работат на Западот.

Од оние тинејџери кои работат - 9% работат како продавачи, 7% - курири, 6% - бармени, 3% како системски администратори, стажанти во канцеларии, помошници во детски домови...

Според анкетата, парите што ги добиваат тинејџерите најчесто се трошат на аудиоплеери, облека и кино.

Експертите исто така забележуваат дека во Русија се создава една нова генерација на потрошувачи, иста како онаа на Западот. Ако порано родителите не можеле да си дозволат да им купат сѐ на нивните деца, денес тоа на многумина не им е тешко.

Повеќе на: http://www.kommersant.ru/doc/2160775

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.