Руската војска оваа година ќе ја добие првата испорака на најновите двоцевни ракетни фрлачи РПГ - 30, „Крјук“. Според руските медиуми, овие фрлачи ќе бидат во состојба да уништуваат модерни тенкови кои се опремени со системи на активна заштита. Очигледно дека побарување за овие ракетни фрлачи ќе има и на пазарот на Блискиот исток, а долгорочно би можеле да бидат корисни и за кинеската војска.
Работата на овој систем на ракетни фрлачи почна во 2007 година како одговор на појавата на тенкови со активна заштита кои соборуваат ракети и млазни гранати насочени кон тенкот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче