Руските граѓани стануваат свесни дека опозициското движење нема иднина заради противречностите и расколот во самата структура на руското општество. За ова пишува германското издание на Frankfurter Rundschau, истакнувајќи дека сегашната состојба не им влева оптимизам на луѓето вклучени во протестите пред година дена.
Денес во Русија паралелно постојат барем четири општества, пишува весникот, кои имаат многу малку заедничко.
Првата група ја чинат 20 посто од жителите на Русија. Тоа се креативни и незадоволни граѓани, мали и средни бизнисмени, како и квалификуваните работници кои работат во слабо платени, но општествено важни сектори, како што се образование, здравство, научните и академските кругови.
Втората група живее во индустриските градови и е вработена во големите компании поради што не е заинтересирана за промени.
Најбројна е третата група која чини 38 посто од руските граѓани. Тие живеат во мали градови, села и нив како московската политика воопшто да не ги засега.
Четвртата група ја чинат жителите на републиките како Северен Кавказ и Јужен Сибир, кои веќе се навикнати на постојани конфликти и политички, национални и религиозни поделби. Нив ги има околу 6 посто и не се заинтересирани за стабилност.
Германските новинари истакнуваат дека секоја од овие групи има различни вредности, секоја на свој начин ја перцепира иднината и скоро и да немаат ништо заедничко меѓу себе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче