Руската флота подготвена за евакуација

Руската флота се подготвува да ги евакуира руските граѓани од Сирија.

Бродовите на воената морнарица на Русија во Средоземното море се подготвени за евакуација на руските граѓани од Сирија. Ова го изјави командантот на бригадата десантни бродови на Црноморската флота, капетан од прва класа Алексеј Комаров. Според неговите зборови, бродовите на воената морнарица на Русија веќе вежбаат евакуација на бреговите на Сирија. 

Ситуацијата во Сирија и понатаму се заострува. Во вторникот одекна експлозија недалеку од руската амбасада. Загинаа 13 лица, а околу 70 се ранети. Ден претходно во терористички акт во Дамаск загинаа 10 лица.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња