Русија и Македонија - нов оддел на сајтот „Руска реч“

„Руска реч на македонски“ оваа недела отвори специјален оддел на нашата Интернет страница наречен „Русија и Македонија“.

„Руска реч на македонски“ оваа недела отвори специјален оддел на нашата Интернет страница наречен „Русија и Македонија“. Во него ќе се обидеме да ви ги преставиме сите нешта поврзани со руско-македонските односи. Ќе објавуваме куси вести, написи поврзани со современите, но и со историските врски што ги имаат нашите две земји, детални информации за посети и преговори, анализи од најразличен карактер, експертски мислења и ставови, како и теми поврзани со културата.

Се надеваме дека со една вака осмислена рубрика, ќе придонесеме до уште поголемо зајакнување на врските помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, а во исто време, вам, на нашите читатели, ќе ви понудиме интересни содржини кои се однесуваат на односите помеѓу нашите две земји. Затоа, следете нè, а ние ќе продолжиме со нашите иновации, кои секогаш ќе бидат во прилог на вашето информирање.

http://ruskarec.mk/rusija_i_makedonija

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња