Путин ги обвини САД за нелојална конкуренција

САД промивира нелојална конкуренција во сферата на високата технологија.

Одлуката на властите на САД да го стават рускиот производител на суперкомпјутери „Т Платформи“, на списокот правни лица за кои важи ограничувањето во испораката на производи од високи технологии, претставува крајно нефер пазарна стратегија, односно класичен пример на нелојална конкуренција - изјави претседателот Владимир Путин на состанокот на Советот за наука и образование на РФ.

„Тоа е употреба на политичката моќ како средство за нелојална конкуренција“, рече Путин. Тој додаде дека европските партнери мора да покажат поголема самостојност ако се заинтересирани за соработка со Русија.

Компанијата „Т Платформи“ е најголем производител на суперкомпјутери во Русија и нивната дејност е стратешка за државата. Оваа фирма влезе во активна конкуренција со американските и кинеските компании кога почна да тргува на европскиот пазар, после што беше ставена на списокот на американскиот Стејт департмент. Моментално во Министерството за економски развој и Министерството за надворешни работи на РФ се преземаат чекори за разрешување на оваа состојба.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња