На Германија не и се допаѓа руско-кинескиот пазар

Германците се загрижени за продажбата на руските Су-35 на Кина.

Кинеските медиуми со голема помпезност ја пречекаа веста за најголемата зделка за купување од Русија на авионите Су-35 и подморниците „Лада“. Таа информација треба да ја вознемири Москва - смета германскиот Франкфуртер Алемајне. Работата е во тоа што Кинезите нема да се ограничат само на купување оружје - туку на копирање на технологиите и започнување на производство кај себе.

Голем број воени експерти сметаат дека купувањето на руските авиони од страна на Кина е „голем напредок за Кина“, се кажува во германскиот весник.

„Најдобриот мотор и радар во светот - подобри дури и од американскиот Ф-35 - можат во иднина да ѝ помогнат на Кина да создаде сопствена софистицирана авио-техника“, така во Кина ја оценуваат зделката. Пекинг дури и не крие дека сака да започне со сопствено производство на напредни авиони-ловци до крајот на оваа деценија.

Меѓутоа, меѓу руските експерти има оптимисти кои се уверени во минималниот ризик од копирање на Су-35. За да го направат тоа, на Кинезите ќе им треба огромна техничка документација, точни сетирања на опремата, извршување на стотици испитувања и консултации со водечките инженери. Москва веќе ја одби понудата за продажба на лиценцата за производство на овој авион во Кина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња