Руски воен брод за прв пат во посета на Израел

Воен брод на Црноморската флота за прв пат ќе го посети Израел.

Воен брод на Црноморската флота за прв пат ќе го посети Израел. Пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на официјален претставник на Воено-морската флота на Русија.

Во периодот од 1 до 3 мај, големиот десантен брод на Црноморската флота - „Азов“, ќе влезе во израелското пристаниште Хаифа. Посетата на бродот е посветена на 68-годишнината од победата во Втората светска војна. Иницијативата за посета на рускиот брод во Хаифа ја презеле ветеранските организации во Израел“. За ветераните ќе биде организиран прием на бродот „Азов“ и екскурзија по истиот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња