Русија ќе потроши 24 милијарди евра до 2015 за развој на атомската енергетика

Русија планира да ја развива атомската енергетика и да потроши 24 милијарди евра за неа до 2015 година.

Русија планира да ја развива атомската енергетика и да потроши 24 милијарди евра за неа до 2015 година. Ова го изјави директорот на Одделот за прашања околу безбедноста и разоружувањето при МВР на Русија, Михаил Улјанов.

Во Русија во моментов се создаваат реактори кои имаат можност да генерираат не само енергија за производство на струја, но истовремено и за десоленизирање на водата. „Тие можат да станат инструмент за развој на многу држави“, изјави Улјанов.

„Атомската безбедност може да се зголеми за сметка на нови технички решенија. Во врска со тоа, сметаме дека е потребно да се проектираат атомски централи со користење како на активни, така и на пасивни системи за безбедност. Таквите проекти веќе постојат“, додаде Улјанов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња