Претседателот Владимир Путин за прв пат во историјата на Руската Федерација ги врачи медалите и признанијата со звањето „Херој на трудот“. Ова на 1 мај го пренесе РИА Новости.
Добитниците на овие званија се уметничкиот раководител на Маринскиот театар, Валериј Гергиев, директорот на Институтот за неврохирургија, Александар Коновалов и тројца работници: Јуриј Конов, Владимир Мелник и Константин Чуманов.
Церемонијата на наградување се одржа во Константиновскиот дворец недалеку од Санкт Петербург. Путин изјави: „Ние се трудевме, ова беше сложена задача за избор на првите лауреати, бидејќи ние имаме многу талентирани, успешни луѓе, и затоа, ова беше сложена задача. Се обидовме да ги избереме најзначајните области и хероите на трудот кои за прв пат ќе го добијат звањето „Херој на трудот“. Според мене, ова беше успешен избор“.
Звањето „Херој на трудот“ во СССР постоел од 1927 до 1991 година. Повторно е вратено со указ на Путин од 29 март 2013 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче