Еден од најзначајните концерти во својот живот вчера го одржа народниот артист на Русија, Валериј Гергиев. Тој со својот настап ја отвори концертната сезона и живот на новата сцена на Маринскиот театар, која нема свој аналог во Русија.
Ова беше претпразничен приказ на гала-концертот кој ќе се одржи денеска во Маринскиот театар. Првите гледачи ќе биде ветераните од Санкт Петербург. Театарот со ова им укажува почит за многугодишниот труд и славата која му ја донесоа на рускиот град и народ.
Двочасовниот концерт претставуваше колаж од оперски и балетски фрагменти од светскиот репертоар - од големата сцена на крунисувањето од „Борис Годунов“ до „Брилијантите“ од балетот „Драгоценостите на Џорџ Баланчин“.
Со виртуозното мајсторство на концертот блеснаа Ана Нетребко, Илдар Абдразаков, Екатерина Семенчук, балетските ѕвезди Диана Вишнева и Улјана Лопаткина. Исто така, на концертот настапи тенорот Пласидо Доминго и германскиот бас Рене Папе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче